Мекларен ќе го намали својот историски моторхоум

Историскиот и препознатлив моторхоум на Мекларен, познатиот Бренд Центар, нема да се врати во Формула 1 падокот во својата оригинална форма откако тимот засилено работи да го намали за во иднина.

Трикатниот Бренд Центар беше препознатлив дел од Формула 1 падокот откако за прв пат се појави во 2007 година. Истиот има стаклена фасата од 13,5 метри од напред, има кујни, дел за кетеринг, соби за сотаноци, соби за возачите, канцеларии и дел за маркетинг и медиумите.

Но, како дел од целите за одржливост на кои Формула 1 се надева, огромните товарни возила кои пренесуваат се што е потребно за Гранд При тркачки викенд ќе мора да бидат редуцирани. Во моментов екипата прави анализа како да ги намали патните трошоци и загадувањето, а Бренд Центарот ќе биде прв на удар и во иднина ќе биде далеку помал.

Новиот моторхоум ќе добие ново име и прв пат ќе се појави на Гранд При трката во Монако, а ќе биде пторебно само осум камиони за негов транспорт наместо досегашните 17 колку што беа ангажирани.

Шефот на тимот, Андреас Сеидл, смета дека одржливоста е клучна во одлуката да се направат промени на мотохоумот.

не сакам премногу да навлегувам во детали, но фокусот е секако да најдеме решение за да бидеме подобро подготвени за во иднина, односно да бидеме одржливи во однос на транспортот, она што го користиме на патеката и како тоа го правиме.

Пред преработениот моторхоум повторно да се појави, тимот на Емилија Ромања Гранд При трката користи преодно решение, а откако лани Рос Браун, Оперативниот шеф на тркачката серија, откри дека нема повеќе смисла екипите да транспортираат толку огромни моторхоумови низ Европа.

имаме посебни места за гостите во нашите камиони кои мораме да ги транспортираме и сметам дека во иднина канмионите на екипите треб да се намалат за да имаат помало влијание врз логистиката и транспортот од сега – најави рос.

Сеидл изјави дека нема ништо против да се намалат камионите или да се користат објекти на патеката.

ние даваме поддршка да се најде ново решени во иднина. мислам дека ова е тема за среден рок, а дискусиите се во тек.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ