Мекларен ќе им додели петочни сесии на Палу и О’Вард

Мекларен потврдија дека ѕвездите на Индикар, Пато О’Вард и Алекс Палу, ќе возат на слободен тренинг во Формула 1. 

Палу ќе вози на првиот тренинг во Остин за Американското Гранд При и ќе го вози болидот на Даниел Рикардом додека О’Вард ќе го превземе болидот на Ландо Норис на финалето од сезоната во Абу Даби. Двајцата досега тестираа со ланскиот МЦЛ35М и сега ќе добијат официјален слободен тренинг за тимот да ја исполни должноста согласно спортските правила. 

Задоволни сме што ќе им дадеме слободен тренинг на Алекс и Пато. Алекс има голем успех во Индикар и многу му помогна на тимот со информациите.

Алекс и Пато беа импресивни на тестот во Барселона и Австрија и сакаме да им дадеме можност да го пробаат годиншениот МЦЛ36. Тоа е одлична шанса да покажат што можат – изјави Андреас Сеидл, шефот на екипата. 

О’Вард е возач на Ероу Мекларен СП тимот во Индикар и не го криеше своето задоволство. 

Едвај чекам да излезам на патеката во Абу Даби. Мислам дека се развив доста како возач со ланскиот болид и сакам да го пробам и најновиот. 

Палу е шампион во Индикар од минатата година, возач кој продолжи да вози за Чип Ганаси и покрај обидите на Мекларен да го донесат кај нив. 

Возбуден сум за мојот прв викенд. Одлично е што ќе возам во САД пред фановите кои ме гледаат во Индикар. До сега го возевме ланскиот болид и едвај чекам да влезам во новиот. Сакам да му помогнам на тимот да се подготви во Остин. 

Двајцата возачи имаат четири победи од кои последните две на О’Вард се во Барбер Моторспорт Парк и Ајова оваа година. Одбраната на титулата на Палу ќе беше без победа се додека не покажа одлични перформанси на финалето на Лагуна Сека. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ