Мексико: Макс до рекордна 14та победа во една сезона

Макс Верстапен стигна до рекордна 14та победа во една сезона рушејќи го рекордот кој со 13 победи во една година го делеа Михаел Шумахер и Себастијан Фетел, а во исто време стана и првиот возач со 4 победи во Мексико.

Луис Хамилтон финишираше на 2ро место до својот 190ти подиум во кариерата, додека јубилеен 25ти подиум и 3то место имаше домашниот возач Серхио Перез. Двојниот подиум во Ред Бул значеше вкупно 230 за нив.

Од првите десет возачи, единствено Верстапен, тандемот на Ферари како и Серхио Перез беа на софт компонентата, останатите се решија првата серија да ја минат на жолто маркираниот медиум, со ризик дека тоа ќе ги забави на стартот до првата кривина, еден од најдолгите стартни правци во календарот.

Стартот беше најош за Џорџ Расел кој загуби две позиции, од колегата Хамилтон и од Чеко Перез, додека Леклер го мина Ботас кој загуби позиција и од Алонсо и беше 8ми. Расел и Перез имаа силен дуел, додека болидите на Ферари жестоко, но многу фер се бореа.

Во 18от круг, Пјер Гасли доби казна од 5 секунди откако неколку кругови претходно го истурка Строл од патеката и така му ја превзема позицијата.

Во 24от круг, прв од водечките во бокс влезе Серхио Перез и своитe стартни софт ги замени со медиум, но механичарите имаа мала грешка и го задржаа цели 5 секунди во бокс. Димашниот возач е приклуи на патеката зад тандемот на Ферари, односно на 6то место.

Два круга подоцна и лидерот Верстапен влезе по свеж сет медиум, но се задржа двојно помалку од својот колега, само 2,5 секунди и се врати на патеката на 3то место, зад тандемот на Мерцедес.

Во 27от круг, откако комплетираше најбрз круг, Перез го мина Шарл Леклер за 5то место.

Кругот број 29 беше моментот кога Шарл Леклер влезе да монтира медиум и се задржа одлични 2,3 секунди, побрзо дури и од Верстапен. Следниот круг Луис Хамилтон влезе во гаража и за 3,3 секнди доби сет хард што во тие моменти беше јасно дека ќе оди со тој сет до крајот на трката, а во тие моменти и Карлос Саинз влезе по свежи гуми, монтираше медиум и се задржа 3,5 секунди. Трката ја поведе Расел, но со 30 кругови стари гуми, а од тимот му јавија дека бараат многу долга серија од него.

Саинз и Леклер го минаа најпрво Даниел Рикардо, а потоа и Ландо Норис откако се вратија на патека по проемата на гуми надвор од топ 10.

Џорџ Расел успеа да извози 34 кругови пред стартните медиум да ги замени со хард компонента за 2,7 секунди минати во место и се врати на иста позиција на која беше пред да почнат промените на гуми, односно 4то место.

Во 39от круг, Карлос Саинз го нападна и мина Валтери Ботас за 6то место пред финецот да влезе во бокс, а Шарл Леклер на тој начин да превземе позиција. Следниот круг шпанецот од Ферари повторно водеше борба овој пат со Фернандо Алонсо кого го мина. Возачот на Алпин на крајот од кругот промени гуми, а Леклер повторно се посреќи и напредна без борба.

Круговите кои следуваа се водеше жестока борба помеѓу Валтери Ботас од Алфа Ромео и Естебан Окон од Алпин за 8мо место кое французинот го превзема од финецот, но Алфа не се даваше.

Кругот број 52 донесе инцидент кога Даниел Рикардо нетрпеливо го напаѓаше Јуки Тсунода и како да загуби нерви влезе во внатрешниот дел на една кривина од средниот сектор каде повеќе од јасно беше дека Јуки нема да остави простор. Контактот го натера АлфаТаури да отскокне и да оди по ново предно крило, додека Мекларенот продолжи без проблеми. Дани доби 10 секунди казна за сударот.

Во 65от круг, Фернандо Алонсо продолжи право на првиот свиок, застана и се пожали дека му откажал моторот, а на патеката беше воведено виерутелно безбедносно возило. Нандо беше претерано незадоволен, а неговиот болид експресно отстранет од патеката.

Во 70от круг Џорџ Рассел влезе по свеж сет софт со цел да нападне и да го освои поенот кој му следува на возачот кој ќе го извози најбрзиот круг на трката. Во последната обиколка, Расел имаше најбрз круг и го освои дополнителниот поен.

Макс, Луис, Чеко на подиум, Џорџ Расел по нив со најбрз круг, а потоа двоецот на Ферари, Саинз пред Леклер. Даниел Рикардо заврши на 7мо место, но има казна од 10 секунди, Естебан Окон со Алпин беше 8ми пред Ландо Норис и Валтери Ботас.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ