Менаџерот на Шумахер ја бара вистината

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер, го повикува семејството конечно да ја каже вистината за физичката состојба на возачот. 

Пред речиси цела декада, 53-годишниот Михаел падна на скијање и си ја повреди главата при што имаше повреди на мозокот. 

Тоа ми е голема болка. Многу пати сум ја побарал Корина, но не ми одговара. Му реков на Жан Тод да одам во болница да го посетам, но тој ми рече дека е прерано.

Никој не ми одговара и лут сум поради тоа. Тие ме држат надвор од целата ситуација и веќе поминатаа девет години. Треба да се каже како стојат работите. Разбирам дека ситуацијата е деликатна и треба да се зачува приватноста, Но слушам многу лаги од нив – изјави Вили Вебер. 

Тој понекогаш разговара со братот на Михаел, Ралф на кого исто така му беше менаџер. 

Си реков дека треба да се чува семејството и да не се промени ништо. ТОј ми е како син. Погоден сум од тоа што се случува. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ