Мерцедес се надеваат дека ќе се исплати шестиот мотор за Ботас

Стратегот на Мерцедес, Џејмс Вауелс, изјави дека шестиот мотор на Валтери Ботас ќе биде од корист за тимот. 

Финецот доби казна од пет места на гридот во пресрет на Големата награда на Америка, по проблемите за тимот откако мораше да го промени моторот и стартуваше од 9та позиција на гридот. 

Ботас се мачеше во текот на трката и заврши 79 секунди зад неговиот колега. Тој се надева дека нема да добие повеќе казни во текот на сезоната и нема има откажувања. 

Го променивме моторот и тоа што многумина го мислат е дека е само еден дел и поради тоа добивме казна од пет места, Но причината е за да имаме можности до крајот на сезоната.

Едно откажување од трка би било катастрофа за шампионатот и сакаме да ја завршиме сезоната на најдобар начин за нас и за Валтери. Мора да имаме баланс до крајот на сезоната. Мислам дека ќе се исплати до крајот на сезоната – посочи вауелс.

Огромната публика во Америка, според стратегот на Мерцедес, придонела за подобрување на атмосферата. 

Мислам дека беше доста живо и наликуваше на трките пред пандемијата. Мислам дека имавме одличен настан и покрај превземените мерки и би рекол дека имаме повеќе фанови во Америка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ