Мерцедес со обвинувања, Мекларен со одговори за нивните надградби

Екипата од Вокинг обезбеди неверојатен резултат во квалификациите и трката за Големата Награда на Британија.

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела, одговори на коментарите на Мерцедес дека надградбата на МЦЛ60 наликува на моќната каросерија РБ19 на Ред Бул.

Ландо Норис и Оскар Пиастри ги изненадија Мерцедес и Ферари завршувајќи на второто и третото место во квалификациите за Големата Награда на Британија, зад доминантниот лидер во шампионатот Макс Верстапен, а потоа се пласираа на второ и четвртто место во трката.

И Луис Хамилтон и тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, се осврнаа на страничните подлоги на Мекларен во стилот на Ред Бул, откако на Норис му беше даден надградениот МЦЛ60 на Австриското ГП, но Стела изјави за медиумите:

Секој тим зема инспирација од кој било друг тим.

Тимовите се опремени да се обидат да ја апсорбираат интелектуалната сопственост од гледањето на фотографиите на болидите во петочните сесии.

Значи, вие добивате инспирација од другите болиди, но земањето инспирација не значи дека ја копирате геометријата, ја инсталирате во вашиот CFD процес, во компјутерската симулација или во воздушниот тунел и болидот веднаш сјае во однос на потисната сила.

Нормално, она што се случува е дека се намалува потисната сила, бидејќи вашиот болид е веќе оптимизиран околу она што сте го направиле до тој момент.

Клучниот елемент е разбирањето дека некои концепти имаат поголем потенцијал што ви овозможува да се развивате побрзо и подолго. Тоа е местото каде што треба да ги имате вистинските луѓе на вистинското место.

Мекларен започнаа со решавањето на проблемите во раната сезона, со промени во својот инженерски тим зад сцената.

Поранешниот аеродинамичар на Ред Бул, Питер Продрому, сега го предводи одделот во тимот со седиште во Вокинг и беше издвоен за пофалби од Стела.

Овде би сакал да спомнам едно име, Питер Продрому, кој го предводи аеродинамичкиот развој во Мекларен и врши исклучителна работа во однос на поставувањето на концептуалната насока, но и организирање и инспирација на целата аеродинамична групација – рече тој.

Навистина браво за Питер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ