Мик за потенцијален трансфер во Ферари: Би сакал да им покажам што можам

Штитеникот на Ферари, Мик Шумахер, зборуваше за својот скорешен напредок и надежта дека во иднина ќе вози за славниот тим и ќе тргне по стапките на легендарнио ттатко.

Тој полека прибира искуство во американски Хаас во својата втора сезона со нив, а екипата е силно поддржана од Маранело. Дополнително, тој е и официјална резерва на Скудерија доколку нешто непредвидено се случи со Леклер или Саинз.

би сакал да добијам можност да покажам што знам во ферари. знам дека болидите не се исти, но сигурен сум дека се слични. од 2019 година сум во ферари, пораснав со нив и мислам дека добро ги разбирам нивните процедури. би бил повеќе од среќен да добијам шанса да им покажам што можам – изјави 23-годишникот.

Неговата изјава следува по се посилната форма и првите поени до кој дојде во Британија, по што следуваше нов топ 10 пласман на следната трка во Австрија.

во формула 1 секогаш постои притисок и добри сте онолку колку што сте испорачале на последната трка. задоволен сум од двете трки по ред кои ги завршив во понени, но и разбирам дека треба постојано да сум во топ 10.

секогаш се бараат повеќе перформанси и се обидуваме да извадиме се што имаме за да бидеме побрзи и тоа во однос на сетирњето и работата на екипата. фокусот е секогаш на подобрување и постигнување се подобри резултати и позиција.

Мик исто така сподели искуство како е да се работи со Гунтер Стаинер чиј пристап е различен од било кој тимски шеф во падокот.

секој човек е посебен, а гунтер има многу уникатен стил на водење на работите. на крајот на денот, се работи за притисок, но јас понекогаш сум подобар под притисок. за мене тој е позитивен затоа што секогаш кога бркате силни резултати притисокот мора да постои.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ