Мик нема да ги добие новините од Хаас на Хунгароринг

Мик Шумахер нема да го добие долгоочекуваниот пакет новини од тимот на Хаас за претсојното Унгарско Гранд При викендов.

Американскиот болид немаше новини до сега сезонава и се очекува она што ќе го донесат во Будимпешта да биде единствено подобрување сезонава, но тие произвеле доволно делови само за еден болид, оној на Кевин Магнусен.

тешко дека ќе имаме резервни делови дури и за еден болид. имавме доста судари годинава и поради тоа ги искористивме сите материјали кои ги имавме набавено – откри гунтер стаинер, шефот на екипата.

Шумахер, како возач кој далеку повеќе се судира и има инциденти споредено со Кевин Магнусен, ќе почека на новините за тимот да се консолидира во однос на производството.

добро е, нема лутење. будимешта е патека која треба да ни одговара и дури и без новините можам да бидам силен таму – смета мик.

Стаинер посочи дека тимот нема да се двоуми да донесе барем еден подобрен болид на Хунгароринг за да се почне со проценка и оптимизација на новиот пакет.

Но, проблемите за Шумахер не завршуваат таму затоа што тој наскоро треба да промени мотор и да отслужиа казна за тоа, а дефинитивно нема да се решат на таков чекор во Унгарија поради природата на патеката која речиси и да не дозволува претекнвуање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ