Мик не го видел Латифи при сударот во Абу Даби

Мик Шумахер откри дека не го видел Николас Латифи при нивниот контакт кој ги изврте двајцата за време на трката во Абу Даби.

Двајцата се извртеа додека се бореа за позиција, но немаа ошттување на болидит еи продолжија, иако Николас влезе во гаражата за проверка на штетата, а Шумахер беше тој кој доби казна од пет секунди за предизвикување судар.

во овие болиди прегледноста не е многу добра и немате многу добра претстава што се случува наоколу. гумите се доста високо, управувачот ви е буквално пред лице, тој предоцна закочи, широко мина, а потоа сакаше да се врати на патеката, но јас тоа не го очекував да бидам искрен. едноставно не го видов.

беше фрустрирачки на крајот, но успеав да комплетирам добри кругови иако гумите беа потрошени. фрустрирачка трка, не бев најдобар, но тоа е, морам да гледам во иднина – посочи шумахер.

Запрашан дали смета оти казната била фер, тој откри дека не се согласува, но и не му е грижа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ