Мик сонува да се трка за Ферари

Мик Шумахер е пресреќен што ќе дебитира во Формула 1 годинава преку тимот на Хаас, но откри дека негов сон е еден ден да вози за Ферари како и неговиот татко.

Три децении од дебито на Михаел Шумахер во Формула 1 за Џордан, во престижната тркачка серија дебитира и неговиот 21-годишен син кој е член на Академијата за млади возачи на Ферари кои одлучија да го сместат во Хаас.

пресреќен сум што ќе возам за хаас на моето формула 1 деби кое сакам да биде најдобро можно. потоа ќе видиме што ќе ми донесе иднината.

не демантирам дека мој сон е да возам за ферари како мојот татко во минатото – изјави мик за италијанска la stampa.

Михаел е легенда на Ферари откако освои пет од своите седум години со трофејниот италијански тим со кој домиинраше од 2000 година до 2004 година. Гледајќи го татко си како се трка, Мик го почна својот поход кон Формула 1, а титулата во Формула 2 лани и онаа во Европската Формула 3 во 2018 година беа само станици во кариерата.

секогаш сум размислувал и целел кон формула 1, но почнав да верувам дека можам по успехот во формула 3. во формула 2 имав проблеми на почетокот на минатата година, но победив и тука сум.

Иако ќе вози за малиот американски тим годинава, тој ќе биде под менторство на шефот на Ферари, Матиа Биното. Запрашан каков совет инженерот му дал до сега тој одговори:

ако помисам, прво нешто што ми доаѓа на ум е дека ми кажа да останам силен.

Освен Биното, со Мик работи и Себастијан Фетел кој често разговара со младиот возач пред се поради фактот што е пријател на татко му кој му е идол.

себ и јас многу често зборуваме, тој има огромно искуство и ми дава совети. би се рекло дека внимава на мене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ