Мик Шумахер би можел да дојде во Ф1 на средина на сезоната

Мик Шумахер може да влезе во Формула 1 на средина на сезоната, потег кој е очекуван од многумина бидејќи е син на големиот Михаел Шумахер. Тој оваа година треба да ја започне втората сезона во Формула 2 тркачката серија откако лани не воодушеви иако победи на Хунгароринг.

Добро е што семејството Шумахер знае што прави и не избрзува со Формула 1 – изјави Ник Хаидфелд. 

Поранешниот возач на БМВ и Вилијамс смета дека 2020 година е прерано за унапредување на Шумахер иако тој е дел од Ферари академијата.  Некои веруваат дека италијанците засилено го подготвуваат младиот германец да вози за Алфа Ромео. 

Кими Раиконен може наскоро да ја заврши кариерата додека антонио Џовинаци не е доволно силен и Шумахер може да ја добие својата шанса.

Не би ме изненадило да го видам него во болид на Формула 1. Тој е одличен во Формула 2 и мислам дека Џовинаци веќе има големи проблеми од минатата година и не би ме изненадило доколку го видиме во спортот на средина на сезоната – вели хаидфелд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ