Мик Шумахер размислува за Ферари?

Италијанските медиуми шпекулираат дека Мик Шумахер можно е да ги следи чекорите на татко му и да стане дел од Ферари, првично како дел од Академијата за малди возачи во Маранело.

Германецот сезонава ја освои Европската Формула 3 титула, а следната ќе се трка во посилната Формула 2 серија за екипата на Према, тим кој многу често ги поддржува младите пилоти на Ферари. Нема потреба да се каже дека интересот за Шумахер е огромен, н младиот возач за сега одлично сен оси со притисокот од своето славно презиме.

Интерес за него покажуваат и Мерцедес, кои се вели дека веќе му понудиле долгогодишен договор на возачот.

годинава тој ја освои европската формула 3 титула со мотор на мерцедес и тоа е одличен резултат, но тој не е дел од програмата за млади возачи на мерцедес. немам сомнеж дека тој има голем потенцијал да стане успешен формула 1 возач, можеби еден ден ќе се трка за нас, можеби и не – изјави тото волф.

Но, ако може да му се верува на првиот човек на Ферари Маурицио Аривабене, младиот возач го фаворизира Ферари.

Со име кое е дел од историајта на ферари, јасно е дека за него вратата во маранело ќе биде секогаш отворено. но, да го оставиме да порасне и да не му правиме дополнителен притисок – објасни аривабене.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ