Минарди на чело на ФИА комисијата за едноседи

Основачот на Минарди Ф1, Џанкарло Минарди, е избран да ја води ФИА комисијата за едноседи како замена за Боб Фернли. 

Фернли е на таа позиција од крајот на 2020 година, кога неговиот претходник Стефано Доменикали беше избран за Главен извршен директор на Формула 1. Комисијата има задача да ги надгледува сите серии од јуниорските до Формула 1 и да работи на безбедноста и системот на ФИА за суперлиценци во повеќе шампионати. 

Минарди има долга историја во моторспортот и од неговиот тим во Формула 1 излегоа доста таленти како Џанкарло Фисикела, Јарно Трули, Фернандо Алонсо и Марк Вебер пред да го продаде тимот на австралијаецот Пол Стодарт. Во моментов таа екипа е во сопственост на Ред Бул и се трка како АлфаТаури.

Откако ја напушти Формула 1 тој се кандидираше за Градоначалник на Фаенца во 2010 година и продолжи да се бави со моторспорт предводејќи ја комисијата за земни брзински рекорди во Италија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ