Монтоја за Строл: Фернандо ќе му помогне

Хуан Пабло Монтоја верува дека Ленс Строл е потценет и дека неговиот колега Фернандо Алонсо ќе му помогне да се подобри. 

Строл не ја заврши трката во Монако откако имаше многу проблеми и излезе во К2 од квалификациите. Тој досега донесе само 27 поени од 120 за тимот на шест трки. 

Ленс има долг пат пред него и мислам дека Фернандо ќе го подобри како возач. Задоволен сум со тоа што го прави, Има брз болид и се обидува да донесе резултати. Доколку седиш и ништо не правиш, тоа не е добро. Би бил среќен доколку освои некој поен, но Ќе видиме како ќе продолжи иако мислам дека е добар – смета монтоја.

На прашање дали Лоренс Строл ќе го охрабри синот да превзема повеќе ризици, Монтоја одговори. 

Ленс има шанса. тој е се подобар и мислам дека е потценет. Треба само да е мирен и нема потреба да се нервира доколку загубил две десетинки. Треба да излезе од комфорт зоната и да даде се од себе. Не треба да чека, туку треба да оди напред и да знае што ќе се случи следно. Кога го престасува некој, треба да знае кој е тој и како да се справи со него. 

Дејвид Крофт го поддржа Строл и смета дека го заслужува местото на гридот. 

Мислам дека тој е доволно добар да остане во Формула 1. Доколку не беше така, немаше да има пол позиција или подиум, сепак тој е најмладиот возач кој стартувал од преден ред и немаше да има претходни титули. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ