Монтоја: Казните беа жива глупост

Поранешниот Формула 1 возач, Хуан Пабло Монтоја, верува дека било жива глупост да се казнат возачите за одбрана на претекнување од надворешната страна на неделното Австриско Гранд При.

Ландо Норис доби пет секунди и два казнени поени поради начинот набранење на својата позиција од Серхио Перез, а Чеко потоа во два наврати го нарпави истото и доби два пати таква казна. Мајкл Маси се правдаше дека казнетите возачи не оставиле една ширина на болид крај себе како што е пропишано во правилникот при паралелна борба на два болиди.

Монтоја смета дека возачот кој пробува да претекне од надворешна страна мора да биде свесен за последиците кои ги носи таков маневар.

по мене, казните беа доделувани затоа што има песок и возачот кој сака да претекне оди по истиот и губи време. ако имаше асфалтен дел за излетување, немаше никој да добие казна.

ако некој насочи некој преку тротоар или надвор од патеката зошто да има казна како на 4та кривина? единствено затоа што беше песок. сакате да ми кажете дека секое паралелно возење и истуркување односно насочување е казна?

не знам, по мене тоа е лудост. ако јас одлучував ќе сметав дека тој што е од надворешна страна нема работа да биде таму, тоа е негов ризик и мора да ги сноси последиците.

се додека не се смени менталитетот во картинг и јуниорски формули ќе биде многу тешко. децата се развиваат и раснат слушајќи дека ако некој се обиде да ги мине од надвор, треба да го затворите и да не му дозволите. морате да го истурката. не знам што се оечкува во формула 1? зошто некој би минувал од надвор?

серхио е најдобар пример, тој излезе на песокот затоа што беше од надворешниот дел и отиде во песокот, додека другиот возач беше во внатрешната страна и нормално што го истурка – анализира монтоја.

Колумбиецот смета дека ФИА мора да ги аправи правилата појасни во врска со блиските борби и призна дека има сива зона при тие блиски паралелни борби.

тешка работа е компромимсот, треба или возачите да имаат контрола и да се тркаат или пак стјуардите да решаваат кој е прав, а кој крив. ако треба просторот да се подели, треба строго да се дефинира. добро, половина болид е до вас, значи сте еден до друг, значи треба да оставите место?

кога треба на тој начин да се пресудува, секој ќе смета дека е во право и нема да биде среќен со одлуката затоа што ќе смета дека е во право.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ