Монтоја. На де Врис му е потребно време

Поранешниот возач на Вилијамс и Мекларен, Хуан Пабло Монтоја, смета дека Ник де Врис заслужува повеќе време за да се прилагоди на Формула 1 по тешкиот старт со АлфаТаури.

Шампионот од Формула 2 и Формула Е се приклучи на АлфаТаури по одличната трка која ја имаше лани со Вилијамс на Монца како замена за Александер Албон.  Иако е почетник во Формула 1, сепак има искуство како тест возач на Мерцедес и е шампион во други серии. 

Но сепак, неговото место е под закана поради тоа што не е успешен и прави доста грешки поради што беше предупреден од Марко. 

Не е лесно да се дојде во Формула 1 и потребно му е повеќе време. Мислам дека во Европа ќе му биде полесно бидејќи ги познава патеките.

Распоредот е напнат за него и на почетокот имаше доста нови патеки за него, патеки кои не ги познава – посочи колумбиецот.

Монтоја сепак мисли дека треба да му се даде време на де Врис и не му се допаѓа пристапот на Хелмут Марко. 

Тоа е реалноста на договорот и тоа е дел од Формула 1, Но сепак, тој покажува знаци на напредок и мора да почекаме. 

Покрај де Врис и Логан Сарџент е другиот возач кој нема поени до сега и неговиот шеф, Џејмс Воулс, му даде рок за да се подобри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ