Монтоја сеуште сака да дојде до Тројна Круна

Двократниот победник на Инди 500 и победникот на Формула 1 трката во Монако, Хуан Пабло Монтоја сеуште не се откажува од можноста да ја освои тројната круна со победа на Ле Ман. 

Монтоја и Алонсо се единствените возачи на кои им недостасува една победа на трка за да ја освојат тројната круна што единствено успеал да ја освои големиот Греам Хил. 

Правилата на ВЕЦ се променија и со тоа се промени интересот на работодавачот на Монтоја, тимот Пенске кој размислува да влезе во Ле Ман. 

Мислам дека со хибридите и со новиот пакет ќе имаме добра шанса и ќе биде доста забавно. Би било возбудливо да се оди во Ле Ман и да се победи. Верувајте ми целосно се различни подготовките споредено со виртуелниот Ле Ман.

Дали би сакал да ја освојам? Да, но не е дека и Алонсо не сака да го направи тоа. Мислам дека сакам да победам бидејќи Ле Ман е одличен настан и една од најголемите трки во светот. 

Монтоја се тркаше во ВЕЦ во 2018 година во ЛМП2 категоријата, а викендов ќе вози на Ле Ман за Пенске, но виртуелно. 

Не може да се спореди виртуелен Ле Ман бидејќи таква организација за 24 часовна трка е многу голема и ова не е вистинско освојување на тројна круна. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ