Монтоја: Формула 1 стана поигрива

Поранешниот колумбиски Формула 1 возач, Хуан Пабло Монтоја, верува дека тркачката серија станува поинтересна. 

Тој смета дека атмосферата во моментов е многу подобра од времето во кое тој се тркал. 

Искрено мислам дека сите се многу пофини во падокот и не беше така порано. Сега е многу подобро место. Порано сите си ја гледаа својата работа и немаше пријателства или зборувања помеѓу себе.

Јас зборував само со Баричело и Алонсо и понекогаш со Фелипе Маса. Сега сите зборуваат меѓу себе, сите сфатија дека покрај тоа што треба да се победат меѓу себе треба да се и пријатели. Не сакавме да иммае ситуација во која треба да се нападне некој.

Формула 1 е тешка околина, но сега е порелаксирано. Можеби поради социјалните медиуми. Спортот се промени и напредуваше – откри монтоја.

Уште еден современик на Монтоја, Јос Верстапен имаше борби со колумбиецот и се потсети на инцидентот од Интерлагос во 2001. 

Не се тркав често со Јос затоа што Кога возевме тој немаше конкурентен болид. Секогаш знаев дека е брз, но не успеа да го извлече максимумот. Дури и да не се удревме тој ден со Јос немаше да победам.

На дожд Мишелин беа побавни 10 секунди по круг, Но тој личеше како херој. Можеби за момент бев лут, НО бев среќен што водев и го престигнав Михаел. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ