Монца бара пари за реставрација на накосениот овал

Сопствениците на Храмот на брзината во Монца бараат владина поддршка во надежта да се реставрира старата овална патека од историскиот автодром и да се подготви за тркање.

Анџело Стичи Дамиани, Претседателот на АЦИ кои се сопственици на автодромот, ја откри оваа своја намера откако повторно беше избран да ја пердводи италијанската автомобилска федерација.

бараме помош од владата за ова затоа што се работи за национален интерес, не локален, а монца го заслужува тоа.

се работи за најстариот автодром на светот каде формула 1 трки сеуште се одржуваат така што бараме начин да го подобриме и да го моденизираме за без проблем да не служи и следните 20 години – изјави дамиани за La Gazzetta dello Sport.

Барањата за реставрација и модернизација на овалниот дел не е само поради имиџ, туку АЦИ сака да организира трки на ултра брзиот дел.

гледајќи го пеколно брзиот овален дел во ваква состојба е болно и тешко, ми се крши срцето. веќе имаме важен договор со регионот ломбардија за организацја на гранд при трка, но за реставрација од ваков тип се потребни многу повеќе средства.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ