Монца повторно под знак прашалник

Несигурноста на Големата награда на Италија во Монца повторно е актуелна по изјавите на певиот човек на Автомобилскиот клуб на Милано, Анџело Стичи Дамиани. По долги преговори во 2016 година, италијанците со Берни Еклстон договорија продолжување на рокот на одржување на најстарата трка на календарот за нови 3 години.

Ако условите се променат нема да можеме да гарантираме Италијанскот Гранд При на Монца – најави Дамиани, Претседателот на АЦИ кои се сопственици на легендарниот автодром.

Оваа изјава на Дамиани е инспирирана од фактот што неодамна Владата на Италија не одобри Амандман на буџетот. Парите се потребни во АЦИ поради реновирање на дел од автодромот и подобрување на целокупната инфраструктура.

Не земаме ни евро од државата и поради тоа не разбирам зошто некој сака да ни наштети. За 100-годишнината во 2022 година исправно е патеката да се адаптира и модернизира – најави Дамиани.

Како и промотерите на сите трки од Формула 1 календарот, така и италијанецот, присуствуваше на состанокот во Лондон со Либерти Медиа.

Тоа што забележав е дека ситуацијата генерално не е добра. Во делот на Либерти е поради тоа што направија огромна инвестиција и сега мора да има повраток на тие средства. На страна на екипите, тие имаат уште повисоки трошоци, а ние организаторите сме во “вкрстен оган“ – појасни тој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ