Мончу: Ограниченото трошење е најтешко за Алфа

Техничкиот шеф на Алфа Ромео, Јан Мончу, смета дека ограничениот буџет најтешко влијаел на неговата екипа.

сте биле ли некогаш во ресторан во швајцарија? проблемот е што ограничениот буџет не ги зема во предвид разликите помешу трошоците за живот помеѓу различните земји – смета мончу.

Изјавата на Јан е целосно точна. Најголемиот број екипи од гридот се од Велика Британија, сем Ферари и АлфаТаути кои се од Италија и секако Алфа Ромео која всушност швајцарски Заубер. Тимот работи во фабриката во Хинвил во регионот Цирих Оберланд и таму е од основањето од раните 1990-ти години.

сите имаме по 140 милиони долари на располагање, но споредено со екипите од англија или италија со исти број на персонал, ние имаме поголем проблем со платите. на крајот, тоа зема 20-30% повеќе од потенцијалот кој во спротивно би го имале насочен кон болидот. тоа е цената на нашето живеење во швајцарија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ