Нандо се сретнал со претставници на Либерти во Абу Даби

Ако може да им се верува на шпекулациите, Фернандо Алонсо е на пат да се врати во Формула1 во 2021 година. Шпанецот кој се откажа од спортот лани додека возеше за Мекларен е повторно забележан во падокот во Абу Даби, а очевидец тврди дека Нандо бил виден како разговара со официјални лица на Либерти Медиа.

јас би посакал добредојде на некој постар во тркачката серија затоа што јас имам 34 години – се пошегува хамилтон.

фернандо е многу остварен возач и интересно е да се види дали ќе се врати, слично на михааел шумахер затоа што формула 1 е нешто што право цел живот.

не сум зборувал со него и не знам што чувствува и планира или колку му недостасува ова тркање, но мислам дека негово враќање ќе биде добро за спортот – смета шампионот од мерцедес.

Сепак, Луис е свесен дека враќање на Алонсо значи седиште за него наместо за некој млад и надежен пилот.

има многу млади возачи кои нетрпеливо чекаат да дојдат во спортот во кој има само 20 места, така што имаат потреба од секое од нив. но, доколку нема некој соодветно добар млад возач, дефинитивно би посакал враќање на алонсо – дополни хамилтон.

би било добро да се врати, но само ако има конкурентен болид, во спротивно само би си го трошел времето, но тоа и самиот го знае – смета верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ