На Алонсо не му се допадна коментарот на Марко: Ред Бул нека се борат самите

Фернандо Алонсо остана незадоволен од коментарите на Хелмут Марко кој прет стартот на Турското Гранд При изјави дека шпанецот сигурно ќе го задржува Луис Хамилтон зад себе затоа што не го сака многу седумкратниот шампион.

Но, Нандо не е расположен да прави услуги на никој во борбата за титула.

не сум ничиј пријател, а тото ќе го каже истото ако тој беше во прашање. ние во алпин имаме своја трка, а гледаме дека според ритамот кој мерцедес и ред бул го имаат, тие се незапирливи.

пишувањата околу тоа почнаа во унгарија затоа што таа патекадозволува малку поагресивно да се браните од нормална патека. во монца видовме дека валтери тргна последен, а заврши на подиум, слично и со леклер на сочи и саинз во турција, претекнуваа без можност за одбрана.

ред бул имаат титули за освојување и самите треба да се борат против нивните конкуренти – смета фернадно.

Запрашан дали ужива да се трка против Хамилтон со оглед на историјата која ја имаат како поранешни колеги, но и по борбата која ја имаа во Унгарија, двократниот првак одговори:

тоа во унгарија беше коинциденција, но јас не сакам да се борам против мерцедес и ред бул затоа што се брзи, а макс и луис се вистински шампионо. уживам да се тркам со некои што можам од средината на поредокот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ