На Алпин им треба компромис за нивната академија

Извршниот директор на Алпин, Марцин Будковски, вели дека тимот мора да најде компромис со сегашните млади возачи од својата Академија.

Алпин основа академија за млади возачи од неговото враќање во Формула 1 како фабрички Рено тим во 2016 година, но допрва треба да произведе Формула 1 возач со полно работно време. Нивните опции за своите млади се ограничени поради тоа што Фернандо Алонсо ќе остане во 2022 година, додека Естебан Окон е со склучен договор до 2024 година.

Алпин е исто така единствениот Формула 1 тим на гридот што нема поврзаност со ниту една друга екипа, во однос на доставување на мотори. Агрегатите произведени од Рено во Вири ги користи само фабричкиот тим.

Неговите млади возачи, Оскар Пјастри и Гван Ју Жоу, моментално се држат како први и втори во Формула 2 шампионатот.

Имаме академија, ја имаме со години и развивме голем број возачи – рече Будковски.

Сега имаме успешни возачи во највисоката категорија непосредно пред Формула 1, тоа покажува дека нашата академија беше добра во развојот на добри возачи.

За жал, ако можам да го користам зборот, тие созреваат во исто време и имаме проблем што се создава со тоа што премногу добри возачи работат добро.

Успехот на академијата се оценува и според нејзиниот резултат, ако вашата академија никогаш не добие возач во Формула 1, тогаш го потрошивте вашето време и пари за да ги поддржите овие возачи, така што на еден начин водење успешна академија е да ги натерате во Формула 1.

Од друга страна, го правиме ова за себе за да ги развиеме следните возачи што ќе ги користиме во Алпин, но во моментов немаме слободно место.

Не сакаме да застанеме на патот на возачите на кои им помагавме да се развијат многу години. Подеднакво, не сакаме целосно да ги изгубиме од нашиот спектар, така што тоа е компромисот што треба да го постигнете. Но, тоа само покажува дека е успешна академијата што ја водиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ