На Барселона и треба помош за да продолжи

Шефот на Автодромот Барслона – Каталуња, Винсенк Агилера, смета дека на патеката и треба помош за да го продолжи својот договор за организација на Шпанското Гранд При со Формула 1 по следната година. Исто така, тој откри дека лобира кај шпанските бизнисмени, но и кај Либерти Медиа за продолжување на договорот.

ние имаме огромна волја да продолжиме со формула 1 во барселона, но ни требаат повеќе партнери за финиширање на таа работа.

за да продолжиме ни треба помош од централната власт, од градскиот совет и од општината и во јуни ни треба помош и од либерти медиа со она што сме го сработиле до тогаш – појасни агилера.

Шпанецот не очекува преговорите со Либерт ида бидат лесни, особено откако преговорите за едногодишно продолжување на трката кои се водеа годинава беа мачни и исцрпувачки.

потпишавме договор на 23 август во ситуација во која крајниот рок истче во јули, но јас и покрај е не можам да ја замислам формула 1 без барселона.

кога се работи за долги и сложени преговори како лани, не можеме да кажеме дека ќе биде лесно, но сега сме на почеток и секогш сме многу отворени со либерти медиа. ако барселона ја загуби формула 1, надвор од локалниот удар, јасно е дека че ја уништи патекат и единствено ќе има луѓе кои доаѓаат само да тестираат.

таквиор развој на настаните може да не принуди да направиме работи кои не сакаме да ги правеиме. ако играте во лигата на шампиони тогаш сте познати во светски рамки, ако не, тогаш сте втора лига.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ