На Рикардо му треба повеќе за да се прилагоди на Мекларен

Даниел Рикардо е свесен дека треба уште да го дотера својот сил на возење со цел да може да извлече максимум од болидот на Мекларен на сите патеки.

Австралијанецот нема убедлива прва сезона со тимот од Вокинг иако стигна до победа долго време, но е послаб споредено со неговиот колега Ландо Норис. Во Катар беше особено лошо за него затоа што беше елиминиран на средниот квалификациски сегмент и тргна од 14то место во ситуација во која неговиот колега стартуваше од третиот ред. Следуваше лоша трка и лош прв круг по кој мораше да штеди гориво.

вакви патеки со долги и средни брзи кривини се тешки за нашиот пакет и на такви патеки најмногу се мачиме. дефинитивно ландо врши подобра работа од мене на такви кривини, јас сеуште учам како да влезам и да минам низ тие кривини без да кочам додека вртам. болидот ме слуша и го прави тоа што го барам од него, но тоа е е најбрз начин за минување низ кривината затоа што доцнам половина десетинка, но неколку кривини се собираат и заостанувам по половина секунда.

дефинитивно тоа е слабост на болидот, но на крајот на денот е моја слабост што не можам да го натерам болидот да работи кога имам ограничување – призна рикардо.

Тој потоа ги пофали перформансите на неговиот колега, Ландо Норис како врвен возач, но дополни и дека неговото претходно искуство со Мекларен му помогнало да го разбере начинот како најдобро се вози МЦЛ35М пакетот.

ги гледам разликите во возењето и знам зошто ги имам сите тие проблеми. ако беше лесно, веќе ќе го усовршен стилот на возење. мислам дека ландо одлично вози и сите сомнежи околу него дека не е врвен возач ги демантираше. исто така многу му помагаат трите години во тимот.

дефинитивно сметам дека сум се подобрил значително од почетокот на годината, но јасно е дека ми треба уште еден чекор за да бидам врвен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ