Невакцинираниот Розберг се врати во падокот

По цела сезона надвор од падокот, Нико Розберг се врати на Формула 1 патеките годинава.

Минатата сезона, Формула 1 првакот од 2016 година немаше дозвола да пренесува трки од падокот поради тоа што одбра да не прими вакцина за Ковид-19 за време на пандемијата.

Но, Формула 1 ги олабави правилата за невакцинираните кои сега може да бидат дел од падокот, така што 37-годишникот ќе може да прави стручна анализа на ткрите од “лице место“.

Германски Bild исто како и германски Sky пренесоа дека Розберг ќе врши преноси за германското говорно подрачје и ќе прави анализи заедно со поранешните Формула 1 возачи Тимо Глок и Ралф Шумахер. Првото појавување на Нико во падкот ќе биде уште на отворањето на сезоната во Бахреин, а потврди присуство и во Унгарија, Бахреин, Катар, Имола и Монца.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ