Неколку грешки го чинеле Норис пол позиција

Ландо Норис се квалификуваше како трет за Големата Награда на Унгарија.

Британецот беше само десетина побавен од пол позицијата, што му припадна на Луис Хамилтон, но Норис верува дека можел да стигне до пол позицијата во Унгарија.

Разочаран сум. Ако сте на една десетина од пол, се чувствувате како да сте на пол, ако имате добар круг – изјави Норис по квалификациите.

Сепак, Норис е задоволен од перформансите на неговиот тим, бидејќи Оскар Пјастри се квалификуваше како четврти.

Претпоставувам дека со целокупната слика сум среќен. Тимот заврши добра работа со квалификациите на трето и четвртто место. Добар викенд имаме досега.

Возачот на Мекларен смета дека првото место било достижно доколку не направел неколку грешки.

Како возач не сум најсреќен, чувствувам дека направив премногу грешки и тоа ме чинеше денес. Секогаш има мали нешта, само требаше да го склопам кругот.

Не беше најчист. Секогаш постои елемент на ризик во обидот да се притиска малку повеќе. Не беше нешто премногу. Дефинитивно имаше десетина во тоа. Фрустрирачки е, но јас сум сепак во добра позиција со третото место.

Норис очекува да биде силен во трката и се надева дека ќе има стратешка предност со двата болиди на Мекларен во првите четири.

Возбуден сум. Темпото на трката вчера беше прилично силно. Исто толку силно како што бевме во Силверстон. Овса е тешка патека за претекнување, што веројатно е причината поради која сум малку пофрустриран отколку што треба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ