Нема дводневен викенд за Холандското Гранд При

Според оперативниот директор на патеката Зандворт, Јам Лемерс, во Холандија нема да се вози трка во скратен тркачки викенд, односно ќе се возат традиционалните три денови, од Петок до Недела. 

Оваа година организаторите одлучија да ја откажат трката поради корона кризата бидејќи не сакаат трка без гледачи. За следната година очекуваат целосна распродажба на сите билети за сите три дена на Холандското ГП. 

Не разговараме за скратен тркачки викенд – кус и јасен е лемерс.

Оваа година Формула 1 експериментираше со скратен формат на Имола што не наиде на добри критики. 

Добро познато е дека тука ќе имаме три дена забава. Трката ќе биде тридневен настан. Тоа ќе одговара со условите на ФОМ и ќе има помалку патување за тимовите бидејќи за три викенда ќе има три трки на Спа и Монца. Добро е што трите трки ќе бидат една по друга. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ