Де Врис отпушен од АлфаТаури со моментален ефект?

Возачот на Алфа Таури, кој е под постојан притисок, заврши на 17то место на трката за Големата Награда на Британија во неделата.

Според коментар на близок семеен пријател, Ник де Врис го загубил своето место во Алфа Таури со моментален ефект.

Алард Калф, угледен новинар во холандските медиуми за моторспорт, во вторникот наутро објави дека холандскиот возач ќе го напушти тимот веднаш по лошата прва половина од неговата дебитантска сезона заедно со Јуки Цунода.

Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, побара од Де Врис да ги подобри своите перформанси во последните неколку недели, но шампионот од Ф2 во 2019 година има најдобар пласман на 12то место на трката за ГН на Монако.

Откако стана фрустриран од неспособноста на Де Врис да ги врати перформансите, Марко донел одлука и решил да го ослободи поранешниот резервен возач на Мерцедес од неговите возачки должности.

Сè уште нема информации за тоа кој ќе го замени Де Врис покрај Цунода, иако Даниел Рикардо беше силно поврзан со враќање на гридот и денес го комплетираше тестот за гумите за Пирели во Силверстон зад воланот на Ред Бул РБ19.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ