Нико за Луис: Во однос на талентот, тој е најдобар на сите времиња

Нико Розбер смета дека неговиот поранешен колега, седумкратниот шампион Луис Хамилтон, е веројатно најдобар на сите времиња ако се суди по талентот.

Британецот веќе е на врвот на листите за најмногу победи, пол позиции и подиуми, единствено со 7те титули кои ги има зад своето име е на делба на врвот со Михаел Шумахер, но годинава има можност со нов наслов да го претекне германецот.

Розберг во својата катриера беше партнер и со Михаел и со Луис, со германецот возеше од 2010 до 2012 година, а потоа со Луис.

луис има огромен природен талент и во однос на тој талент веројатно е најдобар на сите времиња. реаност е дека само го надоградува тоа со одличниот инстинкт кој го има.

тој мрази да тестира, а михаел е сосема различен, тој би тестирал секој ден дури и покрај тоа што е седумкратен првак затоа што знае дека од секој круг може многу да научи, тој е екстремно анаитичен и страствен – споредува нико.

Во моментов Хамилтон заостанува 6 поени зад Макс Верстапен на 6 трки пред крајот на сезоната и имаат борба која на моменти е премногу жестока. Розберг е свесен за имиџот на црномурестиот британец на патеката и надвор од неа и фактот што многу ретко е обвинуван за некој инцидент.

она во што хамилтон е навистина добар е политиката и односот со медиумите, одлично и паметно глуми. на патеката, кога се оди во некоја од таканаречените сиви области, тоа никогаш не е негова вина, туку на конкурентот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ