Норис: Болидот е многу чувствителен

Ландо Норис изјави дека Мекларен треба да поработат на болидот по слабиот викенд на Муџело и откри дека пакетот од Вокинг за оваа година е доста чувствителен. 

Младиот британец успеа да се извлече од хаосот во Тоскана и успеа да дојде до шеста позиција што било максимум по проблемите со грипот. Неговиот колега, Карлос Саинз, се квалификуваше на деветто место додека Норис не влезе во К3 за прв пат оваа сезона. 

Беше тешко да се вози. Условите беа слични, но не му одговараа на болидот. Има многу работа кај болидот иако мислевме дека сме брзи, сепак тој е чувствителен на различни услови и подлоги.

мора да смислиме како да сме побрзи бидејќи имавме многу верба која исчезна. Треба да го разбереме болидот доколку сакаме резултати.

Формула 1 болидите не се лесни за разбирање, но мораме да сме подобри – посака ландо.

Норис верува дека поради околностите од трката довеле до овие поени. 

Бев надвор од хаосот, но можеше и подобро. Беше тешка трка, но јас сум среќен. Немав брзина, но извлеков максимум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ