Норис загрижен: Безбедноста се зема “здраво за готово“

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, верува дека Формула 1 возачите го земаат нивото на безбедност во моторспортот “здраво за готово“, но смртта на Антоан Хубер многу го шокирала.

Несреќата и смртта се случи ден пред Формула 1 трката на Спа, така што некои возачи беа видно потресени затоа што дел од нив беа и колеги и пријатели со французинот во јуниорските тркачки серии.

мене неговата смрт многу ме шокираше затоа што ние како возачи безбедноста ја земаме “здраво за готово“, колку се безбедни работите, како можеме да имаме толку силни судари и да се извлечеме од нив без проблем, но многу брзо се се покажа во спротивен правец.

во минатото опасни инциденти беа многу повеќе очекувани и редовно се случуваа, но овој судар ни покажа дека тоа може да му се случи на секој од нас.

мое сочуство до семејството и пријателите на антоан. тешко ми е, секој ден го правам тоа, се тркам, можеше да биде било кој од нас. не беше, но можев да бидам и јас лани во формула 2 и кога така се гледа на работите изгледа страшно – смета ландо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ