Норис загрижен за огромната разлика со водечките

Ландо Норис беше задоволен од неговата трка за Големата награда на Унгарија, но големата разлика кон првите три тима е причина за загриженост.

Норис имаше одлична квалификациска сесија во Будимпешта, пласирајќи го својот Мекларен четврти на гридот и само четири десетинки зад времето на Џорџ Расел на пол позицијата. Но, неговата трка беше многу потешка, беше релативно лесно претекнат од Луис Хамилтон и Макс Верстапен, како и Серхио Перез набргу потоа.

Норис на крајот заврши како седми и најдобар од останатите зад возачите на Ред Бул, Ферари и Мерцедес, но тој заостана неверојатни 62 секунди зад Шарл Леклер, кој беше едно место понапред. Норис ја постигна својата главна цел на трката бидејќи ја премина линијата пред Фернандо Алонсо и Естебан Окон, со кои тие се во тесна битка околу четврттото место во шампионатот на конструктори.

Бев 22 секунди пред Алонсо и Окон, па среќен сум, нашата цел денес беше да го постигнеме тоа.

Кога започнувате од 4то место, понекогаш се надевате на малку повеќе, но мислам дека завршив добра работа. Првиот стинт беше тежок, целосно ги уништив меките гуми по пет круга, па бев малку загрижен.

Но во вториот стинт на медиум бев многу силен, а исто така и последниот стинт на хард гумите, така што мислам дека е добар ден, но сепак 62 секунди зад следната позиција.

Тоа е голема разлика, но тоа е она што е и ние мора да продолжиме да работиме и да ја затвориме таа разлика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ