Норис за контактот со де Врис: Можеше порано да кочи

Ландо Норис изјави дека Ник де Врис можел порано да кочи и со тоа ќе се спречел контактот на почетокот на трката во Мајами. 

Двајцата возачи имаа контакт во првиот свиок откако де Врис ги закочи тркалата и удри во задниот дел на Норис. Подоцна Норис и Пиастри менуваа гуми откако стартуваа со софт. 

Британецот трката ја заврши на 17та позиција со многу потешкотии во текот на истата. 

Мислам дека претера со кочењето и можеше порано да кочи. Не ми промени многу бидејќи не знаев колкава штета имам, Но сигурно имав бидеќи немав брзина. Бевме навистина бавни – свесен е норис.

Ландо смета дека недостатокот на брзина на трката е поради напредокот на некои тимови на гридот. 

Има повеќе причини, не ни одговара патеката, правците и свиоците не ни одговараат, Но и подлогата не ни одговара. Има повеќе моменти.

Само АлфаТаури беа побавни од нас, Сите беа брзи, Алфа Ромео и Хаас беа многу брзи, Алпин беше брз, Но сите беа различни. Сите напредуваа, но мислам дека е до болидот. според мене. Тоа го кажувам цело време. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ