Норис искрено: И на Хаас мораме да гледаме како на конкурент

Ландо Норис смета дека секоја екипа зад водечката тројка ќе биде еднаква со останатите, до тој степен што тие мора и на лани најбавните Хаас да гледаат како на конкуренти.

Мекларен го заврши тридневниот тест во Бахреин со проблеми со сопирачките и недоволен број на кругови, а Ландо Норис мораше да вози сам затоа што Даниел Рикардо се зарази од корона вирус. Тоа значи дека екипата мораше да ги менаџира круговите, а проблематичните сопирачки ги донесоа на дното по бројот на комплетирани кругови.

Во исто време, Хаас беа втора најбрза екипа откако го искористија поладното време во дополнителниот час во Бахреин откако доцнеа поради проблеми со пристигнувањето на опремата.

трите најсилни екипи во моментов изгледаат силно и најбрзо, но сите останати зад се многу блиску, почнувајќи од нас, завршувајќи со хаас. дури и американците се многу брзи ако се земе во предвид колку заостануваа лани и каков импресивен напредок покажаа до сега. мислам дека треба да бидеме подготвени и да се тркаме против нив на трка или квалификации уште претсојниот викенд – свесен е норис.

Возачот посочи дека и покрај проблемите можеле да го разбееат својот МЦЛ36 болид во однос на перформансите со постари гуми и високо количество на гориво.

можеше да имаме многу опдобар тест и дефинитивно не може да сме многу задоволни поради проблемите кои не ни дозволиај да ги минеме предвидените километри. можевме да возиме куси серии од по неколку кругови за да ги разбереме цецлосно новите гуми. не беше лошо во многу области, но не беше како што посакувавме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ