Норис: Картингот е скап, можам да помогнам со мојот тим

Ландо Норис се надева дека со неговиот нов картинг тим ќе им даде можност на младите да напредуваат до Формула 1, бидејќи е свесен дека трошоците се големи. 

Хамилтон и Фетел се жестоки критичари за големите трошоци во јуниорските серии каде само најбогатите стигнуваат до Формула 1. Норис е свесен за ова и го формираше тимот ЛН Рејсинг. 

Многу млади момчиња и девојки сакаат да се тркаат. Секако сите знаат дека моторспортот е скап. Не е нешто што им е достапно на сите, но мислам дека може да се помогне и да стане достапно.

Сакам што повеќе млади да имаат можност да ги постигнат своите цели и мислам дека резултатот ќе го видиме за неколку години – најави младиот формула 1 возач.

Норис зборуваше за патеката Саут Гарда која му буди спомени од неговата кариера кога возел картинг на Фернандо Алонсо. Сега вози во Формула 1 покрај Алонсо и Норис го бара наредниот талент кој ќе се приклучи на Формула 1. 

нереално е затоа што јас пораснав на некој начин на оваа патека, таа беше една од европските трки кои ги одработував. ми буди многу спомени, се тркав во различен картинг тогаш, картинг на фернандо алонсо и како младо момче се угледував на него и навистина беше кул.

сеха сум во позиција да им помогнам на овие млади деца и наскоро да возат за мојот картинг и мојата екипа. одлично е чувството да може да му помогнете на некое младо дете да порасне и да собере тркачко искуство. се надевам дека ќе ги привлечам најдобрите возачи, но и дека некој од нив нема да ми го земе моето формула 1 место.

јас сум многу конурентен човек и не сум тука само за да оставам картинг тим на гридот туку сакам да победувам и да сум на чело. сметам дека ги имаме најдобрите луѓе а отк се едни од најдобрите производители и одлична екипа. како големо семејство кое ќе има успеси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ