Норис морал да се привикне на неудобниот болид

Ландо Норис верува дека добро се приспособил на новиот болид кој не му прилега на неговиот возачки стил. 

Тој ги освои повеќето поени за тимот и најдобрата негова трка беше на Имола во Април каде се искачи на подиум. Даниел Рикардо не успеа да му парира на Норис и тимот размислува да го донесе Оскар Пиастри во тимот како замена. 

Не би рекол дека болидот се прави да ми одговара. МИслам дека е сосем различно и ми треба време да се привикнам. Мислам дека болидот доста не прилега на мојот возачки стил. Тоа не е лошо, но мора да се адаптирам. Мислам дека завршив солидна работа. Тоа е најголемиот напредок во последните години – посочи ландо.

Тој има долгорочен договор со тимот од Вокинг до крајот на 2025 година и е дел од планот на Мекларен, но сепак тој не сака да му дава многу значење на тоа. 

Сакам само да сум побрз со болидот. Понекогаш е различно за Даниел, Но генерално имаме ист пакет кој треба да го поправиме. Дефинитивно треба повеќе да се зборува.

Не зборувам многу, но тоа е бидејќи сите си имаме своја работа и сме професионалци. Треба повеќе да се верува и да се зборува за работите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ