Норис: Мораме да ја корегираме стратегијата

Ландо Норис смета дека тој и Мекларен мора да поработат на стратегијата со која се тркале во Монако откако возачот го изрази своето негодување преку тимското радио.

По неговата прва промена на гуми кога зема интермедиа, влзе и по втор пат по мазни гуми, но тогаш беше минат од Џорџ Расел од Мерцедес само поради тоа што “сребрените“ променија круг порано. По црвеното знаме Ландо продолжи со истите хард гуми, избор како оној на Ферари кој се покажа како недобитен. Но, оние кои земаа нови медиум, како Расел, беа посилни на почетокот, а не можеа да бидат минати на крајот.

Остатокот од трката Ландо го мина на 6то место и во еден момент иамше разговор со тимот во врска со тоа колку смее да притиска откако екипата бараше од него да ги чува гумите.

очигледно дека не сум под притисок од позади, така што можам да притискам и да направам притисок пред себе. ако не сакате да притискам тогаш кажете ми дека треба да седам мирен и да останам на оваа позција – незадоволен беше норис.

Кон крајот на трката, Норис побара да земе свежи медиум затоа што беше незагрозен од позади, немаше да загуви позиција и ќе може да нападне за најбрз круг. Мекларен му дозволија промена во 51от круг од трката и со свежи гуми дојде и до дополнителен поени.

трката беше добра иако загубивме позиција во однос на мерцедес, тоа се случува при вакви услови. тие ризикуваа круг порано од нас, тоа им се исплатеше овој пат, понекогаш добивате, понекогаш губите. фер не победија, џорџ одлично одработе, а ние дадовме се од себе и имавме ритам за најбрз круг на крајот.

малку ни недостасуваше ритам на трката затоа што се обидувавме премногу да менаџираме со гумите и не сум сигурен дека најдобро го решивме тоа. освен тоа, добра беше трката, освоивме добри поени и задоволен сум.

Во однос на фрустрациите кои беа јасно кажани преку тимското радио, а во врска со стратегијата, возачот објасни дека тоа ќе го разговара со тимот.

има работи за кои треба да разговараме како на пример стратегијата за која мислам дека не беше совршена денеска. секако дека секогаш има работи кои може подобро да се решат. ќе разговараме во вокинг, не јавно, но дефинитивно треба подобро.

има многу работи за кои треба да се размисли во монако во вакви услови и тоа никогаш не е лесно. бевме во добра позиција и освоивме силни поени без премногу да ризкуваме, а тоа не е лесно.

се беше направено со најдбра намера и со информациите со кои располагавме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ