Норис: Му помагам на Рикардо повеќе одoшто сакам

Ландо Норис вели дека се обидува да му помогне на Даниел Рикардо да ги подобри своите перформанси во Мекларен повеќе отколку што треба, од причина што на тимот му требаат солидни резултати од двајцата возачи за да го поразат Алпин во шампионатот на конструктори.

Двата тима се заглавени во тесна битка за четвртото место во поредокот, но додека Алпин може да се потпре на постојаните резултати од Естебан Окон и Фернандо Алонсо, разочарувачките перформанси на Рикардо ја отежнуваат ситуацијата во Мекларен. Трансферот на Рикардо од Рено во Мекларен на почетокот на сезоната беше проследен со големи очекувања. Но, од самиот почеток, австралијанецот значително потфрли во однос на Норис, освен со момент на слава на минатогодишното Гранд При на Италија каде Рикардо го предводеше изненадувачкиот 1-2 на Мекларен во Монца.

Додека постоеја надежи за пресврт на почетокот на 2022 година, Рикардо продолжи да се мачи, навидум неспособен да се прилагоди на МЦЛ36, или барем не толку добро како Норис. Сега, сите знаци укажуваат на прераното заминување на Рикардо од Мекларен на крајот од сезоната.

22-годишниот Норис ги отфрли сите обиди од негова страна да ја влоши маката на својот тимски колега, со умствени игри или друго, особено во контекст на битката на Мекларен со Алпин.

Не, спротивното е. Се обидувам да му помогнам колку што можам затоа што Во корист на нас како тим е да се обидеме да го победиме Алпин на крајот од денот.

Тој гледа сè што гледам јас во однос на податоците. Нудам повеќе помош отколку што обично би сакал кон тимски колега, Но се бориме за светско првенство, кажувам повеќе работи од колку што можеби би кажал.

Само затоа што тоа е она што ни треба за тимот, тоа е она што го сакам за тимот во моментот. Значи, не, тоа е спротивно од умствени игри, што и да е тоа.

Зборувајќи минатиот месец за невољите на Рикардо, Норис посочи дека различните стилови на возење и незгодниот болид може да објаснат дел од дефицитот на Даниел.

Сметам дека нашот е тежок болид за возење – призна Норис.

Знаете, мислам дека нашите карактеристики кои болидот ги имаше во изминатите неколку години, дури и Карлос Саинз рече, тие се доста специфични и уникатни.

Значи, некои од стиловите на возење што ви се потребни се како оние кои некако треба да ги научите и затоа морате доста да се прилагодите.

Особено оваа година, болидот е многу различен, а некои од карактеристиките од минатата година исчезнаа и воведовме некои други карактеристики, па морав да го променам мојот стил на возење.

Во исто време, исто така морав да се прилагодам на тоа. Не само затоа што сум во Мекларен четири години, го познавам овој болид однадвор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ