Норис на шега за првиот пол на Расел: Тоа требаше да бидам јас

Ландо Норис му честиташе на својот другар Џорџ Расел за првата пол позиција во Формула 1 кариерата, една година откако и самиот тој стигна до квалификациска победа на минатогодишното Руско Гранд При.

Џорџ Расел ги изненади сите со својот квалификациски триумф кој никој не го почекуваше, така што дојде до првата пол позиција по 72 трки од кои 12 со тимот на Мерцедес.

имавме добар ден, но по малку сум разочаран што џорџ е во ентарот на вниманието по толку добар ден за нас – изјави на шега младиот британец.

среќен сум за него и неговата прва пол позиција во формула 1, честитки џорџ.

имавме силен ден и бевме пред момците пред кои сакавме да бидеме. четврто место е многу силно за нас на патека на која не е воопшто лесно да се претекнува и се надевам дека така ќе биде и на трката – посака норис.

Ландо го имаше својот најдобар квалификациски пласман од Емилија Ромаања Гранд При трката, а неговиот колега, Даниел Рикардо, исто така влезе во последниот квалификациски сегмент и тоа беше прв пат по Канада за него.

Норис прокоментира дека тимот се повеќе го осознава МЦЛ36 пакетот по неколкуте последни трки, иако е свесен дека заостануваат зад ривалите од Алпин.

не бевме многу далеку од пол позиција ако се земе во предвид каде бевме на почетокот на сезоната и поради тоа сум многу среќен. минатата недела алпин имаа многу побрз болид од нас, но мислам дека нашиот болид на хунгароринг работи одлично од самииот почеток и имаме одличен ритам.

тоа ни помогна уште повеќе да го разбереме пакетот кој го имаме, зошто понекогаш имаме проблеми, а понекогаш сме брзи и тоа веќе ни е јасно. бавните кривини е местото каде се мачиме и местото каде алпин се силни. тие се силни и на средните и брзите кривини, имаат добро балансиран болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ