Норис незадоволен од казната за сударот со Леклер

Ландо Норис е незадоволен од казната која ја доби по контактот со Шарл Леклер на почетокот од Бразилското Гранд При.

Возачот на Мекларен смета дека ФИА треба повеќе да користи поанешни возачи како стјуарди за да го зголеми нивото на знаење и разбирање за инцидентите. Норис се излизга во Леклер на 6та кривина од патеката откако возачот на Ферари сакеш да мине од надворешниот дел, но контктот го однесе во бариерите крај патеката, иако се врати и продолжи.

Возачот на Мекларен доби пет секунди казна и два казнени поени, но подоцна се повлече од трката поради проблем со електрониката.

се обиде да ме мине од надвор и беше трка и ако некој вели дека сум требал потесно да минам и да оставам повеќе простор, треба да проба да вози место мене.

на стјуардите им е многу тешко да дојдат во моја позиција, но шарл беше тој кој овој пат ризикуваше да ме претекне од надвор. прва работа што се учи во тркањето е да не одите од надворешната страна и ако го направите тоа, треба д имате многу простор. бевме на најбрзата кривина на патеката и тој ризикуваше, не јас јас направив се што можам и како што кажав, се обидов да не го истуркам и да не си ја уништам мојата трка – објасни норис.

ако некој друг беше на мое место, ако шарл беше на мое место, ќе го направеше истото, ако било кој друг беше, ќе беше исто – објасни норис.

Младиот британец посочи дека треба да има повеќе поранешни возачи како стјуарди, иако, за волја на вистината, како стјуари во Бразил на смена беа Дерек Ваврик и Роберто Морено, двајца поеанешни возачи.

дали ги гледаат сударите од камера и кажуваат кој е виновен или се обидуваат да ја разберат ситуацијата и дали е направено се за да се избегне судар. ако имаше повеќе возачи, тие се тие кои разбираат како е да се биде во моја позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ