Норис не очекува да се бори за пол позиција

Ландо Норис вели дека не очекува да се бори за пол позиција во Сабота на квалификациите за Големата Награда на Унгарија и покрај тоа што петочните тренинзи ги заврши на одличното второ место.

Возачот на Мекларен заостана зад Шарл Леклер од Ферари за само 0,217 секунди во Т2 на Хунгароринг, откако исто така го заврши Т1 во првите пет, поточно на четвртото место. Ова следува по една недела од Француското Гранд При, во кое Норис беше 1,1 секунди далеку од пол позицијата на петтото место и ја заврши трката со 52 секунди заостанување на седмото место.

Но и покрај силниот почеток на неговиот викенд во Унгарија, Норис вели дека ова во голема мера може да се препише на тоа што Мекларен ги работи своите мотори во малку посилни модови од останатите во Петок. Запрашан дали може да се бори за пол позиција во Сабота, Норис изјави:

Не. Работите се добри, болидот е на добро место. Се чини дека малку повеќе сигурно одговара на карактеристиката на оваа патека, но ние секогаш сме малку брзи во Т2 отколку што завршуваме нормално.

Ние го вклучуваме моторот малку повеќе од другите само за да добиеме споредливо време во однос на Т1, Но ги знаеме сите други, особено Ферари, Ред Бул, Мерцедес и нормално дека очекуваме оти утре многу ќе се засилат.

Мислам дека се чувствуваме добро, можеме да кажеме дека болидот е во разумна позиција. Веројатно сме малку понапред од тоа каде што бевме на Пол Рикар.

Но, не очекувам да се борам за пол позиција или нешто друго, туку само да се стремам кон подобра позиција отколку што бевме во Франција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ