Норис не сака да се правда со неискуство

Ландо Норис изјави дека мрази да се повикува на неговото неискуство од почетокот на неговата Формула 1 кариера бидејќи сфаќа што добива со созревањето. 

Тој имаше одлична почетничка сезона во Мекларен и во втората сезона веќе се искачи на подиум. Минатата година отиде чекор понапред и ја освои пол позицијата во Русија каде и ќе победеше. 

Не сакам да се повикувам на моето недоволно искуство, Го мразам тоа. Со текот на годините се учат разликите од јуниорските години и од тоа се прави разлика. 

За него втората сезона била клучна бидејќи имал со кој да се споредува возејќи покрај Карлос Саинз. 

Втората сезона ми беше добра бидејќи Карлос е еден од најдобрите возачи во Формула 1 и не изгледав добро покрај него, но бев достојна конкуренција. Му бев во сенката, но тој е извонреден и ми помогна да напредувам. Сега имам различен колега и различен болид. Зимата помина и ќе се обидам да го покажам стекнатото искуство. 

Минатата сезона тој уште повеќе созреа возејќи покрај искусниот Даниел Рикардо и го намали бројот на грешките. 

Среќен сум за постигнатиот напредок минатата сезона бидејќи работев на слабите точки. На некои ми требаше повеќе работам Останатите ги завршив во вториот дел од сезоната. Сега сакам добар старт на сезона и ќе се обидам да одам што понапред и да немам казни.

Минатата година направив неколку грешки како таа во Бразил што е најголема грешка во сезоната, Но сепак немав големи излетувања што ме чинеа поени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ