Норис: Обратен Силверстон би бил интересен

Ландо Норис смета дека идејата за обратно возење по Силверстон би била одлична можност на скратениот календар. Минатата недела шефот на Силверстон се понуди да организираат повеќе трки на патеката бидејќи можни се повеќе варијанти.

На неговите зборови прв реагираше Ландо Норис со воодушевување за обратен старт.

Одиш на Бекетс па на Маготс од другата страна. Тоа е навистина интересно и различно. Не знам како ќе изгледа, но има доста брзи свиоци кои водат до правци наместо спори свиоци.

Ќе биде итнересно за престасување или ќе биде прелесно, не сум сигурен. Има доста патеки во Британија и можеби повеќе трки дома, што е добро за нас со Мекларен. Исто и за британските фанови. Ја подржувам идеата за Силверстон – изјави норис.

Тој не мисли дека било која патека може да се вози обратно.

Некои се дизајнирани во однос на безбедносто и некогаш имате долг правец што води до шнола и нема каде да се излета бидејќи не е така дизајнирана. Но за Силверстон мислам дека е интересно да се проба бидејќи има место. некаде е можно, некаде не. Не може сите патеки да се возат обратно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ