Норис објасни зошто не пие течност во текот на трката

Младиот британец од Мекалрен, Ландо Норис, објави дека во текот на трката не пие за да не му биде лошо.

Трката во Франција беше една од најистоштувачките бидејќи надворешната температура беше над 30 степени. Повеќето возачи сакаат да носат што е можно повеќе течности поради тоа што се потат, но Норис е исклучок од тоа.

Не пијам вода во болидот бидејќи ми е лошо. Се трудам да го избегнам тоа – откри ландо.

Според Норис, условите во Франција биле тешки и за болидот и за возачите поради менаџирањето на гумите кои се трошеле повеќе од предвиденото.

Беше тешко и ветровито ПОсебно во свиокот каде излета Шарл имаше доста ветер И секако тука е температурата. Тешко беше да се менаџираат гумите. Посебно со една промена на гуми беше тешко да се одржи брзината.

Норис заврши на седма позиција откако изгуби неколку места на стартот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ