Норис по одличниот подиум: Ме тестираа со стратегијата

Британецот се пошегува со својот тим, откако ја поздрави напорната работа за пресврт на сезоната со позитивниот резултат на Британското ГП.

Ландо Норис се пошегува со промената на тврди гуми за рестартот по безбедносното возило на крајот на трката и дека Мекларен сакале да ги тестираат неговите способности откако обезбеди фантастично второ место на Британското ГП.

Екипата со седиште во Вокинг уживаше во одличниот викенд, а двата болиди сега се опремени со голем пакет надградби.

Британецот го презеде водството на стартот и се држеше цврсто додека Макс Верстапен од Ред Бул не го претекна во петтиот круг, иако темпото на Норис беше доволно силно за да го задржи Холанѓанецот зад себе на почетокот.

Но во периодот на безбедносно возило, поттикнат од болидот на Хаас на Кевин Магнусен, Мекларен одлучи да постави нови тврди гуми на болидот на Норис, додека неговите ривали избраа софт.

Луис Хамилтон од Мерцедес го нападна Норис при рестартиртот, а дуото беше вмешано во возбудлив дуел низ Бруклендс, Луфилд и Копс во повеќе кругови пред болидот на Мекларен да се оддалечи.

Сакам да му се заблагодарам на целиот тим, тие завршија неверојатна работа. Ништо од ова не би било можно без напорната работа што ја вложија.

Толку неверојатно, прилично лудо. Беше неверојатна борба со Луис за да го задржам. Можеби направив премногу грешки, но направив се што можев.

Ја одржав борбата со Макс што е можно подолго, тоа е долга и осамена трка кога сте само во средината, но тоа е неверојатно.

Обраќајќи се на префрлувањето на тврди гуми за рестартот на безбедносното возило, Норис се пошегува:

Тие се уште се почетници во некои работи. Само сакаа да ме тестираат уште малку мислам.

Сакав софт гуми. Чувствувам дека имаше малку повеќе смисла. Но, не ми е грижа, јас завршив на второ место.

Прилично сум изненаден. По последниот круг само се обидував да им мавтам на сите.

За несреќата на неговиот тимски колега, Норис додаде:

Искрено, требаше да завршиме на второ и трето место. Оскар заврши неверојатна работа цел викенд и требаше да биде на трето место без безбедносното возило, па штета е, тој го заслужи тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ