Норис: Прскањето ја направи трката потешка

Ландо Норис од Мекларен признава дека прскањето зад болидите во Турција ја отежнало работата на возачите. 

Во тешките услови на Истанбул Парк каде целата трка се возеше на влажно време, возачите ги менаџираа своите гуми да издржат што подолго, во очекување на безбедносно возило или сушење на патеката.

Во формацискиот круг не гледав буквално ништо. На моменти беше застрашувачки колку беше лошо, Но мислам дека задржав контрола и направив дистанца за да ми биде подобро. Имаше вода на патеката која не се сушеше и поради неа прскаше – објасни младиот британец.

Оваа година трката на Спа не се одржа бидејќи беше доста влажно, a Норис имаше лошо искуство во Турција. 

Не можам да кажам многу. Тешко беше на другите патеки и можеби на сите. Долго време беше тешко.

Во првиот круг имаше мрсна вода, ако може така да се каже. Визирот ми беше заматен. 

И покрај загриженоста на Норис, Мајкл Маси не верувал дека условите ќе бидат толку лоши како во Белгија. 

Откако зборував со некои возачи по трката, мислам дека не беше лошо како на Спа. 

Другите возачи сметаат дека нечистата вода која прскала им ја отежнала трката. Јуки Тсунода се изврте поради тоа и тоа го чинеше поени. 

Не можев јасно да гледам во ретровизирите. Мислам дека имам болид зад мене и форсирав поради што се извртев. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ