Норис: Сеуште не ми се верувa дека стигнав до подиум на Имола

Ландо Норис откри дека сеушет е е во неверување дека стигнал до подиум на Имола со Мекларен болидот кој тогаш го имал на расплагање, со оглед на перформансите кои ги има истиот споредено со ривалите.

Ландо го освои единствениот подиум за тимот годинава на Емилја Ромања Гранд При трката во Април откако финишираш зад тандемот на Ред Бул. Се калификуваше на 3то место во Петок по влажна патека, а “падна“ на 5та позиција за Ред Бул и Ферари по спринтот.

сеуште не ми е јасно како стигнав до подиум со оглед на болидот кој го имав на располагање. сеуште се чудам со оглед на тоа колку беа побрзи оние околу мене и поради тоа сметам дека тоа е еден од најдобрите мои подиуми во кариерата.

имав одличен круг по мокра патека на квалификации, но алфа ромео, на пример, беа половина секунда побрзи од мене на трка и судејќи по ритамот, веројатно ќе завршев на 15то место, но завршив на 3то.

беше добро да се види дека правиме напредок и се движиме во вистинска насока, тоа секогаш мотивира и носи надеж и е нешто на што целиме во иднина. дефинитивно резулттот беше одличен за нас и многу брзо вративме перформанси потоа.

Трката на Имола беше само три викенди подоцна од разочарувачкото отворање на првенството во Бахреин кога двата болиди не ја завршија трката. Норис отворено зборува за промена на својот возачки стил за да се прилагоди на болидот, а Даниел Рикардо никако не може да дојде до перформанси. Така, тимот е на 5то место кај конструкторите во моментов во пресрт на последните 9 трки од сезонава, а Алпин се само четири поени пред нив.

со оглед на тоа што сме 5ти во поредокот, изненаден сум што некои како алпин се пред нас и се сеќавам дека фернандо за малку ќе стигнеше до пол позиција во австралија. на почетокот на сезоната имаа навистина силен болид, но правеа грешки и се судираа, а алонсо имаше лоша среќа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ