Норис: Социјалните мрежи се дел од мојот живот

Како најмлад возач на Формула 1 гридот, не е изненадување што Ландо Норис од Мекларен е повеќе инволвиран во социјалните мрежи одколку останатите возачи на гридот.

Јас пораснав со ова. Тоа е дел од мојот живот. Секогаш сум бил присутен на социјалните мрежи откако сум дете. Премногу рано можеби, во однос на тоа што требаше да го правам.

Норис е мошне активен на Твитер и Инстаграм, а неговите профили се едни од тие кои привлекле повеќе од милион следбеници. Норис, кој наполни 20 години во Ноември, вели дека ги користи социјалните мрежи за да посегне по повеќе фанови и да им овозможи на истите пристап до животот во Ф1 кој инаку не би можеле да го почувствуваат.

Едноставно тоа го правам. Уживам во тоа да им дадам нешто на луѓето кое не го гледаат кај другите возачи. Тоа е подобар увид одзади сцена. Подобро познавање од тоа што прави Формула 1 возач, како се однесува и слично.

Како што е пристрасен околу онлајн тркањето, најчесто против Макс Верстапен, Норис исто така го користи и Твич стриминг сервисот. Тој вели дека тоа е уште еден начин да им даде пристап на фановите во неговиот секојдневен живот надвор од патеката.

Луѓето ме следат по дома како возам на симулатор или играм други игри. Другите возачи не го прават тоа. Сакам да им покажам што правам, да им дадам поголем пристап. Се надевам им се допаѓа.

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, признава дека потпишување со толку млад возач на почетокот на минатата година било ризична одлука за екипата во тој момент.

Беше ризик, Ландо беше најмладиот британски возач. Но по неговиот прв тренинг, тој беше импресивен. Ландо го прифати предизвикот, но знаев дека е подготвен по првиот тест. Тој беше опуштен, смирен и веднаш ја поседуваше брзината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ